[Строфа 1]
Стојам
Да не би достојал
Пред не знам чија
Чија врата
[Строфа 2]
И пак проверувам
Буден сум или сонувам
Созерцувам или прелестувам
Кој ѓавол ќе го знае...
[Строфа 3]
И барам знак
Траги од страдање
Дали е ова земјата
По која Тој некогаш одеше
[Строфа 4]
Навистина ли Го
Убија оној што ги избра
Што ги изведе низ пустина?
О Боже!
[Рефрен 1]
Зошто стојам скаменет
И немам таква сила?
Не верувам ли доволно
Или неточно сум сфатил?
Од каде тие сомнежи
Од каде тој страв?
Дали ќе ми отвори
Дали ќе ме прими внатре?
[Строфа 5]
И Оној од Кого сум
Нема да дозволи
Оној што ме возљуби
Нема да ме остави
Сам среде шума густа од раце
Што ме грабаат
О, Боже, Господи, Слава Тебје!
[Интермедија]
[Строфа 6]
Како кедар разгранат
Како киприс издигнат
Како палма в градина
Калинка во Гадеса
[Рефрен 2]
Како смирна мирисав
Трендафил ви Иерихон
Како сјајна маслина
Покрај сини мориња
Како мермер-планина
Среде поле вкотвена
Како крепост, тврдина
Од Тебе закрилена
Како гласој пророски
Химни светоотески
Да викнам од глубини
Да запеам в пустини
Како камен низ гора
В понор да се стркалам
Како поток планински
Кон Тебе да побрзам
Кон Тебе да поитам
Слава да Ти принесам
[Крајот]
[?]